Македонија

Заев ниту ги потврдува, ниту ги демантира информациите за преименување на Александар Велики

Перспективите ни се на дланка, од нас зависи, рече денеска премиерот Зоран Заев, Тој не потврди ниту одрече дали Македонија ќе направи отстапки за да го реши проблемот со името со Грција.

24.09.2017 17:58:10
  Перспективите ни се на дланка, од нас зависи, рече денеска премиерот Зоран Заев, Тој не потврди ниту одрече дали Македонија ќе направи отстапки за да го реши проблемот со името со Грција. Дали ќе има промена на името на аеродромот Александар Велики по локалните избори, како што најави германскиот весник ФАЦ тој вели дека тие коментари се премногу далеку, во моментот двете земји градат пријателски односи, но дека Македонија повеќе нема да провоцира. 

 За средбата Коѕиас – Димитров во Њујорк, грчката новинска агенција АПЕ кажа дека разговарале за решение на проблемот со името и преземање на мерки за справување со “иредентизмот”, недовербата од двете страни со организирање на средби на експерти за правни теми, историја и школски учебници.

 Проблемот околу спорот со името за официјална Атина има 4 дела- името и употребата, јазикот, државјанството и кратенките. Ова го кажа грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коѕиас, кој нагласи дека Македонија мора да направи отстапки за да се реши спорот со името. Премиерот Заев пак вели дека нема да разговара за идентитетски прашања.  

 До средината на 2018 година се очекува медијаторот Метју Нимиц, да излезе со нови предлог решенија.  До тогаш премиерот Заев кажа дека очекува Македонија да биде една од земјите која ќе ги почне преговорите за членство во ЕУ.

 Сепак претседателот на ЕК Жан Клод Јункер кажа а амбасадорот на ЕУ Самуел Жбогар потврди да не се надеваме на влез во ЕУ пред 2025 година. Но и покрај ова земјата да спроведе суштински реформи во наредниот период и да ја премости поделеноста во општеството