Балкан

Тачи: Никој не може да го блокира формирањето на војската

Косовскиот претседател Хашим Тачи изјави дека Косово до крајот на годината ќе има своја војска и оти никој нема да може тоа да го блокира.

23.09.2017 12:31:49

Косовскиот претседател Хашим Тачи изјави дека Косово до крајот на годината ќе има своја војска и оти никој нема да може тоа да го блокира.

- Со планот А или со планот Б, Косово до крајот на оваа година ќе има своја војска, изјави Тачи во интервју за РТВ21, дадено за време на неговиот престој во Њујорк.

- Сега работиме со сите институции за тоа прашање. Ние ќе ги исполниме сите обврски кои ги презедовме пред меѓународната заедница за овој процес да се заврши преку уставни измени, потенцира Тачи.

- Нема да дозволиме никому да стави вето на овој процес. Сите прашања ќе бидат спроведени во соработка со меѓународните организации, вели Тачи.