Свет

Антонио Гутереш: Рохинџите се соочуваат со катастрофална хуманитарна ситација

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш изјави денеска дека муслиманите Рохинџи, во Мјанмар, се соочуваат со катастрофална хуманитарна ситуација.

13.09.2017 20:20:01

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш изјави денеска дека муслиманите Рохинџи, во Мјанмар, се соочуваат со катастрофална хуманитарна ситуација.

Генералниот скретар Гутереш побарал од властите во Јангун „веднаш да биде прекината воената акција“ .

Армијата на Мјанмар ги отфрла обвинувањата од меѓународната заедница и тврди дека воената акција е насочена само кон „терористите“ како што ги нарекуваат милитантните Рохинџи.

Армиските сили тврдат дека цивилнто население не е цел на нападите.

Околу 380 илјади Рохинџи, пребегнаа во соседен Бангладеш од почетокот на насилствата , што започнаа на 25 август, по убиството на 12 мјанмарски полицајци, за што се обвинуваат милитантните Рохинџи.

Меѓународни набљудувачи, како и новинари кои се наоѓаат во регионот, тврдат дека мјанмарската војска и милитантните будисти им се одмаздуваат на селаните, палејќи ги нивните куќи и уништувајќи ги селата, во настојуваање да спречат ниво враќање во Мјанмар.

Меѓународната јавност врши притисок врз нобеловката Аун Сан Су Чи, која фактички ја предводи земјата, по повлекувањето на воената хунта, но таа засега се огласи само еднаш неприфаќајќи ги обвинувањата за владата во Јангун.

Рохинџите се муслимани кои немаат своја држава и во Мјанмар тие живеат со децении, со непризнат статус на малцинска или верска заедница, затоа што мјанмарските власти инсистираат дека станува збор за бегалци кои нелегално се населиле во земјата, која е во најголем процент е будистичка.

Властите во Мјанмар не дозволуваат Рохинџите да го користат тоа име и бараат од нив да се нарекуваат Бенгалци.