Македонија

Две анкети во ист ден покажаа стабилно водство на ВМРО-ДПМНЕ

Убедлива предност на ВМРО-ДПМНЕ со 26,9% пред СДСМ со 18,9% - ова се последните податоци од последната телефонска анкета на Институтот „Павел Шатев“ за тоа како размислуваат граѓаните во однос на престојните локални избори закажани за октомври.

13.09.2017 17:30:12
Убедлива предност на ВМРО-ДПМНЕ со 26,9% пред СДСМ со 18,9% - ова се последните податоци од последната телефонска анкета на Институтот „Павел Шатев“ за тоа како размислуваат граѓаните во однос на престојните локални избори закажани за октомври. Според одговорите на испитаниците, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски ужива најголема доверба кај граѓаните со 27,3 отсто, наспроти претседателот на СДСМ и премиер Зоран Заев на кого му веруваат 15,5%.

На прашањето дали сте задоволни од работата на Владата во првите 100 дена, повеќе од половина од анкетираните или 55,1% одговориле негативно, 24,4% се задоволни, а 20,5 отсто не заземале став.

Високи 59,3% од анкетираните граѓани очекуваат дека во иднина Владата ќе работи полошо отколку во првите 100 дена, а само 26,8% подобро. 

 Во анкетата биле опфатени сите 6 изборни единици по повеќе категории, а градот Скопје е земен како посебна целина. Телефонското испитување на мислењето било спроведено во периодот помеѓу 9-12 Септември 2017 година, а опфатени биле 1230 испитаници. 

ВМРО-ДПМНЕ е во стабилна предност пред СДСМ и според теренската анкетата на МЦМС, спроведена на крајот на месец јули оваа година на 1.000 испитаници. Граѓаните одговарале на прашања во однос на рејтингот на политичките партии и расположението пред изборите. 

На прашањето доколку утре се одржат избори за која партија би гласале, 27.1 отсто од испитаниците се одлучиле за ВМРО-ДПМНЕ, додека за СДСМ 22.7 отсто. ДУИ има најголем рејтинг кај албанскиот блок од 7,7%, а потоа следат БЕСА и Алијанса за Албанците со идентичен рејтинг од 1,3%.

Ивана Соколовиќ Најдова