Македонија

Обвинителите покуси за неколку илјади денари, нема пари за законскиот надомест од 35%

Законот предвидува дека 35% на обвинителите и службите треба да им се исплати по три основи, но и покрај тоа досега тие не земаа повисока сума од 20%, а месецов не ги добиле ниту тие пари.

13.09.2017 17:30:19
Министерството за финансии не одговара дали ќе има пари и кога ќе им се исплати додаток на обвинителите и службите во обвинителствата што им следува законски. Пари за обвинителите се уште нема. Како што објави Алфа месецов обвинителите не земале надомест по основ на додаток за посебни услови за работа, за висок ризик и за доверливост. Законот предвидува дека 35% на обвинителите и службите треба да им се исплати по три основи, но и покрај тоа досега тие не земаа повисока сума од 20%, а месецов не ги добиле ниту тие пари. 

За разлика од вработените во основните обвинителства и во организиран, за обвинителите во Специјалното јавно обвинителство пари има. Обвинителите во СЈО, освен високите плати, земаат надомест по основ на додатоци од максимум 35 %. Финансии со исплатите на тимот на Јанева не доцнеле ниту месецов. 

За нееднаквиот третман на СЈО и останатите обвинителства имаше револт меѓу обвинителите уште кога во јавноста излегоа високите плати на вработените во СЈО. Јавноста шпекулираше дека и платите на техничкиот персонал во СЈО се далеку повисоки за разлика на  обвинителите од основните обвинителства. 


Катерина Гетева