Економија

„Фајнанс тинк“- Економијата на Македонија “замрзната”

Економијата на Македонија “замрзната”, влез на нови странски инвеститори нема а домашните инвеститори се воздржуваат. Ова го вели најновата анализа на „Фајнанс тинк“, според која економијата во Македонија во вториот квартал од 2017 година се намалил

11.09.2017 17:38:54
  Економијата на Македонија “замрзната”, влез на нови странски инвеститори нема а домашните инвеститори се воздржуваат. Ова го вели најновата анализа на „Фајнанс тинк“, според која економијата во Македонија во вториот квартал од 2017 година се намалила за 1.8 отсто. „Фајнанс тинк  е песимист дека новата влада ќе може за најкус временски период  да се врати на патеката на структурните реформи. Бележат надолен раст на БДП за 0,8 отсто годинава кој е одраз на отсуство на амбициозна економска програма во моментот. 

 Додека институтот за економски истражувања и политика ревидира надолу проекција за пад на БДП и вели дека во вториот квартал за 2017 странски инвестиции речиси и нема , минатата 2016 година само за 10 месеци во државата влегле 197 милиони евра странски инвестиции.

 Дека економијата тоне, а бројките се загрижувачки, предупредуваат и експерти кои велат дека новата влада со сегашните мерки може да ја однесе Македонија во рецесија. Најавата на странски инвеститор кој капиталот планирал да го вложи во Македонија, сега ќе го пресели во Србија и дека ќе ја затвори веќе постоечката фабрика во земјава, но и најавата на 3 големи странски компании дека ќе ја напуштат Македонија а со тоа да се укинат околу 2000 работни места, според ВМРО ДПМНЕ е знак на несериозност и непознавање на целиот процес за водење странски инвестиции. Според нив тоа е процес кој бара многу анализи, а токму испраќањето на лоши сигнали од страна на Новата Влада ќе придонесе светските инвеститори да ја тргнат Македонија од својата инвестициска мапа.

 Во меѓувреме „Фајнанс тинк вели дека во отсуство на владин импулс, капиталните инвестиции, особено оние во крупната инфраструктура, се реализирале со значително забавено темпо. Бруто инвестициите се намалиле за 19,9%. Градежништвото се намали за 17,3%.