Живот и стил

Пет необични училишта

Да излеземе од рамките на традиционалното образование и да се запознаеме со несекојдневни, помалку бизарни училишта во светот.

10.09.2017 12:30:18

Да излеземе од рамките на традиционалното образование и да се запознаеме со несекојдневни, помалку бизарни училишта во светот.

1. Училиште за Дедо Мраз, Мичиген 

Ако сакате образование за сезонска работа, можете да одите на училиште за Дедо Мраз во Мичиген. Се работи за најстаро училиште за Дедо Мраз, кое во 1937 година го основал дедото Macy и е посветено на зачувување на традицијата и историјата за Дедо Мраз. Во ова училиште ќе посетувате и часови за соодветно облекување и шминкање, искуствата на телевизија и радио, навиките на ирвасите и знаковниот јазик на Дедо Мраз. 

2. Качување на дрвја, Орегон 

Том Ковар сака да се качува на дрвја, па дошол на идеја и другите да ги учи на своите техники. Како мастер инструктор за качување на дрвја, Ковар ги учи луѓето како да направат соодветни јазли, безбедно да спијат во висечки лежалки, внимателно да ги подигнуваат гранките на дрвјата. Неговите часови повеќе се насочени кон професионалци на кои им треба подучување како да се качуваат на дрвја како работници во парк или истражувачи на природата. 

3. Училиште за гладијатори, Рим

Серџо Јакомони или Неро како што го викаат во текот на часовите, држи училиште за гладијатори во Рим, за кое нуди предавања и часови на идните воини од сите возрасти, за да се вклучат во лажна борба меѓу животот и смртта. Учениците учат правилно да ракуваат со штитови и меч. 

4. Училиште за виленици, Алфасколин

Околу 50 отсто Исланѓани веруваат во вилеици и самовили, па училиштето за нив било логичен исход. Сместено е во Рејкјавик и нуди петчасовен забрзан курс, кој вклучува посета на нивните живеалишта, предавање за облеката, како и секција од 13 типови виленици кои порано можеле да се најдат во дивината. Курсот се завршува со доручек кој опфаќа палачинки и кафе и диплома која ве прави официјален експерт за виленици. 

5. Училиште за повикување на духови, Њујорк

Оваа организација е посветена на зачувување и толкување на магијата и уметност блиска на магиите кои вклучуваат и психички феномен, хипноза, коцкање, наука и историја на играње на карти, жонглирање и друго.