Спорт

Познати осминафиналните двојки на ЕП во кошарка

Со одигрувањето на натпреварите од последното коло во Ц и Д групата познати се сите учесници во елиминациската фаза од Европскиот шампионат во кошарка.

07.09.2017 23:49:09

Во Ц конкуренцијата Шпанија триумфираше над Унгарија со 87:64 и  без пораз го освои првото место во групата. Хрватска немаше проблеми во соочувањето со Чешка и забележа победа од 107:69 додека Црна Гора ја совлада Романија со 86:69.

Во Д групата Летонија славеше над Турција со 89:79 и и овозможи на Србија да ја освои првата позиција. Србите во последното коло беше поуспешни од Белгија совладувајќи ја со 74:54 и во последниот дуел од Д конкуренцијата Русија ја совлада Велика Британија со 82:70.

Во осминафиналето од овој дел на костурот ќе се сретнат: Србија - Унгарија, Шпанија - Турција, Летонија - Црна Гора, Хрватска - Русија.

Осминафиналните двојки се комплетираат со мечевите: Словенија - Украина, Литванија - Грција, Финска - Италија и Германија - Франција.

Завршницата на Европското првенство ќе се игра во Истанбул, а првите дуели од елиминациската фаза се играат в сабота.