Македонија

Советниците на ВМРО-ДПМНЕ во неколку градови изгласаа да има референдум за мигранти на денот на локалните

Аеродром, Гази Баба, Ѓорче, Карпош, Кочани, Штип, Неготино, Кавадарци, Гевгелија, Прилеп, Битола, Радовиш

07.09.2017 18:11:17
Референдум против изградба на мигрантски кампови на денот од првиот круг на локалните избори би требало да се одржи во неколку општини. Советниците на ВМРО ДПМНЕ, изгласаа спроведување референдум во Аеродром, Гази Баба, Ѓорче, Карпош, Кочани, Штип, Неготино, Кавадарци, Гевгелија, Прилеп, Битола, Радовиш. Во три општини пак точката за мигранти воопшто не стигна да се стави на дневен ред, советниците на СДСМ, во општините Центар, Богданци и Куманово гласаа против. В понеделник советниците во Охрид и Дојран треба да одлучат дали на 15 октомври ќе има и референдум и локални. 

Иницијативата за спроведување референдум на денот на локалните избори беше на „Будење“, кои ги собраа потребните потписи, предлогот да се најде пред советниците во повеќе градови низ државата. 

Од друга страна пак Државната изборна комисија се уште се нема изјаснето дали на денот на изборите ќе се спроведе и референдум. Опозицијата обвинува дека има обиди од мнозинството во Комисијата, дел од нив избрани по предлог на владеачката СДСМ, кои се обидуваат со сите сили да не се реализира референдум на денот на локалните. Стравуваат дека граѓаните кои се против Стратегијата на владата за градење кампови за мигранти, може да оди на штета на рејтингот на партијата, токму во трката за локалната власт.
Министерството за труд и социјала, во време на прогласена кризна состојба,  донесе стратегија за интеграција на бегалци и мигранти во Македонија што треба да се спроведува почнувајќи од годинава, па се до 2027 година.





Катерина Гетева