Сцена

Анџелина Џоли во паника, болеста се повеќе ја парализира

Актерката Анџелина Џоли моментално минува низ пекол затоа што се бори со неколку здравствени проблеми.

01.09.2017 12:24:40

 Актерката Анџелина Џоли моментално минува низ пекол затоа што се бори со неколку здравствени проблеми.

Таа најмногу е загрижена за проширените вени на нозете поради кои не може да носи кратки здолништа и многу се плаши од венска тромбоза до која може да дојде.

Актерката рече дека „жените своето здравје го ставаат на последно место се додека не е предоцна“.

Во интервју за „Vaniti fer“ пред еден месец раскажа дека се тргнало лошо минатото лето кога го снимала филмот „First They Killed My Father“.

Таа минуваше низ тежок период со сопругот и стравуваше децата да не страдаат поради тоа. Но за да биде уште полошо, таа дозна дека нејзиното здравје е во опасност.

Таа доби дијагноза Белова парализа, односно болест која доведува до драстично слабеење или парализа на мускулите на едната страна од лицето.