Сцена

Дваесет години од смртта на принцезата Дијана

Велика Британија денеска одбележува 20 години од трагичната смрт на принцезата Дијана во сообраќајна несреќа во Париз 1997 година.

31.08.2017 12:43:47

Велика Британија денеска одбележува 20 години од трагичната смрт на принцезата Дијана во сообраќајна несреќа во Париз 1997 година.

Нејзини почитувачи и обожаватели утринава почнаа со полагање цвеќе, оставање фотографии и лични пораки пред капијата на Кенсингтонската палата.

- Членовите на британското кралско семејство вклучувајќи ја и кралицата Елизабета Втора не планираат да учествуваат во каков било јавен комеморативен настан за одбележување на годишнината од смртта на принцезата, изјави претставник на Бакингемскта палата.

Сепак принцовите Вилијам и Хари вчера ја посетија Белата градина, меморијален центар посветен на нивната мајка, принцезата Дијана. Ним во прошетката по Белата градина им се приклучила војвотката од Кембриџ, како и претставници на хуманитарните организации со кои таа соработуваше и ги поддржуваше.