Свет

Ураганот „Харви“ пустоши низ Америка, Хјустон е речиси целосно под вода

Околу 2.000 луѓе се спасени во Хјустон, четврти по големина град во САД, кој го погодија поплави откако ураганот Харви го опустоши обалниот дел на Тексас и усмрти најмалку 5 лица.

28.08.2017 17:31:10
 Околу 2.000 луѓе се спасени во Хјустон, четврти по големина град во САД, кој го погодија поплави откако ураганот Харви го опустоши обалниот дел на Тексас и усмрти најмалку 5 лица. Голем број на луѓе се водат за исчезнати, улиците се претворени во реки, па движењето низ градот е опасно. Илјадници луѓе се заробени во своите поплавени домови, а владата испрати 3.000 припадници на националната гарда да помогнат на жителите.

Десетици илјади луѓе останаа без струја, 250 патишта се непроодни. Во градот се упатени екипи на брза помош, мобилни медицински единици и автобуси за евакуација на граѓаните. Во меѓувреме жителите се спасуваат меѓусебе.

-  Ние почнавме да ги извлекуваме соседите и да носиме на безбедно. До сега собравме  околу 11 луѓе, шест кучиња, две мачки. – Понесовме онолку работи колку можевме, водата надојде до вратата, сега сигурно целата куќа е поплавена. - изјавија жителите на Хјустон.

Харви кој предизвика катастрофални поплави во Тексас е најстрашниот досега, а последиците се уште не се познати. За спасување на жителите од поплавените куќи се користат 40 чамци, 500 возила и 14 авиони, изјави гувернерот на Тексас.

- Ова е ако не најстрашна, тогаш една од најстрашните поплави која се случила во Хјустон. Во моментов наша најважна задача е да ги спасиме животите на луѓето. - изјави Абот.

Автобускиот сообраќај во Хјустон е запрен, аеродромот заради водата на пистата е затворен, а улиците се претворени во мали езера. Оваа недела и училиштата се затворени. 

Штетата од поплавите би можела да биде повеќе милијарди долари. Власите на Тексас предупредија дека следните денови се очекуваат обилни дождови како последица на ураганот. Повеќе од 76 цм дожд падна досега во некои делови од градот по што реките и каналите се излеаа од нивните корита. 

- Канцеларијата на шерифот соработува со пожарникарите во спасувањето на луѓето. Ни помагаат и други државни институции и граѓани. До сега спасивме меѓу 1.500 и 2.000 луѓе. - изјави  Дарил Колеман.

Белата куќа соопшти дека американскиот претседател Доналд Трамп утре ќе го посети Тексас. На барање на властите од Тексас, во саботата Трамп прогласи вонредна состојба заради ураганот Харви.



Елена Вришку
 

Uraganot "Harvi"pustoshi niz Amerika Huston e recisi celiot pod voda

Од: Hristo Neshkovski

Време: 29.08.2017 11:41:33

Коментар: Poplavite vo koja i da bilo drzava se sekogash katastrofalni i nepredvidlivi,a nosat ogromni shteti na gradovite na koi im se slucuva toa!Zatoa katastrofa od poplavite e sekogash zagrizuvacka i se bara pomosh od site da im se pomogne na tie luge,ne e vazno dali se Amerikanci,anglicani,francuzi,Makedonci,Grci Germanci ili nekoi drugi treba site da izrazime solidarnost i da pomognime vo ovaj moment koga na Huston im treba pomosh vo bilo shto!!Ajde luge izrazeteja vashata solidarnost so lugeto koi se vo vakva katastrofa>Blagodaram.