Македонија

Антикорупциска ќе го разгледува разрешувањето на директорот на Агенција за просторно планирање

Оттаму велат дека разрешување и именување на раководни лица во време на изборен режим е спротивно на Изборниот законик.

23.08.2017 15:01:28
Антикорупциска ќе одлучува дали смената на раководството во Агенцијата за планирање на просторот било спротивно на законот. Членовите на комисијата едногласно одлучија да отворат предмет по поднесениот приговор од страна на, сега веќе екс директорот Љупчо Георгиевски, кој бил сменет од функцијата на 6 август, денот кога Парламентот ги распиша локалните избори. Оттаму велат дека разрешување и именување на раководни лица во време на изборен режим е спротивно на Изборниот законик. 

Антикорупциска од Агенцијата со која раководел Георгиевски ќе ги бара на увид сите оригинални документи поврзани со случајот. Агенцијата, пак е должна да ги достави документите пред членовите на Комисијата, но не е прецизиран рокот до кога треба да го сторат тоа.  

Во членот 8, став 1 алинеја 4 од Изборниот законик јасно стои дека разрешување и именување на раководни лица не е дозволено од денот на распишување на локалните избори се до избор на градоначалници и членови на советите, што во случајот, според Комисијата за спречување на корупција,  не било испочитувано. 

Инаку, според податоците од веб страницата на Агенцијата за планирање на просторот нов директор на оваа институција е Огнен Апостолски. 

Биљана Божиновска

 

makedonski sumi

Од: Nada

Време: 23.08.2017 15:39:55

Коментар: Istoto se slucuvashe i vo JP Makedonski sumi noviot imenuvan direktor e imenuvan na 5 ti no istiot seuste neregistriran potpisnik potpisal resenija na 28 rakovoditeli na podruznici.