Македонија

Агенцијата „Венера Кемаловски“ што ги измами студентите доби забрана за работа

Агенцијата спроведе две инспекции, откако група студенти обвинија дека биле измамени од агенцијата, и наместо да добијат работа во Германија, агенцијата им ги зела парите.

17.07.2017 20:23:31
Агенцијата за посредување при вработување „Венера Кемаловски“ доби забрана за работа во траење од еден месец, соопштија од Министерството за труд и социјална политика. Државниот инспекторат ќе поднесе и барање за поведување на прекршочна постапка против битолската агенција.

Агенцијата спроведе две инспекции, откако група студенти обвинија дека биле измамени од агенцијата, и наместо да добијат работа во Германија, агенцијата им ги зела парите.

Студентите велат дека агенцијата „Венера Кемаловски“ треба да им врати по околу 250 евра, кои ги дале за аплицирање и документација за наводна работа во бутиците „Зара“, но покрај нив парите назад ги бараат и други студенти кои требало ова лето да работат во рестораните на „Мекдоналс“, „Бургер Кинг“ и други.

Револтираните студенти велат дека газдата ветил оти ќе им ги врати парите, но сè уште нема ништо од ветувањето, па тие се организираа самоиницијативно преку социјалните мрежи и го пријавија случајот.