Македонија

Беџети: без да се создаде раст и продуктивност, не можете да ја покачите минималната плата

Судството, во центарот на дебата на македонските академици кои ја организираа првата охридска школа каде водечка тема е демократијата и владеењето на правото.

19.06.2017 17:33:38
 Судството, во центарот на дебата на македонските академици кои ја организираа првата охридска школа каде водечка тема е демократијата и владеењето на правото. Македонија мора да ја продолжи борбата за реформи посебно во судството,бидејќи владеењето на правото е клуч за заштита на општеството од хаос, а тоа е важна задача за целото македонско општество и еден од приоротетите што од нас ги бара ЕУ. 

 -Судовите  се градови на тоа царство,а судиите се владетели во тоа царство,тоа значи дека судиите се главни, ако во таа област не се направат одредени промени тогаш ни една промена во било која област нема да има своја смисла.-Изјава проф.др. Светомир Шкариќ.

- И самата наука и општествената мисла треба да ги пронајде тие точки каде што треба да се вклучи, да го даде својот придонес и да ја превземе исти така и својата одговорност за општествените промени кои треба да се извршат.-Изјава Владо Камбоски –Претседател на МАНУ.

Академиците сметаат дека треба да продолжат реформите и во економскиот систем. Академик Беџети вели дека партијата на власт и владата ќе треба да ревидира некои аспекти кои предизборно беа кажани а звучат амбициозно.

-  Вие од една страна велите дека ќе се залагате за економски раст од толку и толку посто, а од друга страна ги зголемувате импутните трошоци во економијата.Значи минималната плата е импутен трошок во економијата,без да се создаде раст, без да се создаде продуктивност, не може да покачат плати.-Изјава Академик Абдулменав Беџети.

Македонија има капацитет да се да продолжи со реформите, потпирајчи се на домашната наука,повлекувајќи ги и македонските мозоци кои сега работаат во странство.


Росица Голабоска