Македонија

Удрени темели на нова џамија на Попова Шапка, за која надлежните констатирале дека е дивоградба

Синоќа на Попова Шапка беше поставен камен темелник на новата Џамија,за која општинскиот инспекторат има констатирано дека е дивоградба и донесено решение за запирање на работите.

19.06.2017 17:33:21
Синоќа на Попова Шапка беше поставен камен темелник на новата Џамија,за која општинскиот инспекторат има констатирано дека е дивоградба и донесено решение за запирање на работите. На свеченоста присуствуваа високи претставници на ИВЗ и тетовското муфтиство. Претседателот на ИВЗ, Сулејман еф. Реџепи, рече дека ова било историски резултат, и остварување на сонот на многу верници.

Изјава- Сулејман Ефенди Реџепи- Претседатл на ИВЗ(“Ставаме камен темелник на овој свет храм, џамија, на ова историско и туристичко место, на оваа прекрасно место каде големиот бог ја создал оваа убавина. Ова е исклучителен историски резултат. Јас не сум прочитал дека порано тука имало џамија, но еве сега и тоа ќе се реализира“)

Инаку, спроведувањето на оваа иницијатива се реализира со поддршка на приватни донатори, верници, и локални бизнисмени,а инвеститор на објектот е ИВЗ.Но, досега не сакаа да коментираат како ќе тече понатамошната постапка,со оглед на тоа што се работи за дивоградба.

Тетовскиот муфтија иако денеска беше овде во просториите на ИВЗ во Тетово, не сакаше за зборува со новинарите -да објасни зошто продолжува со изградба Џамијата на Попова Шапка, иако е утврдено дека се работи за дивоградба.

Објаснување за целата ситуација, засега  нема ниту од другите надлежни институции.                                                     Инаку, Џамијата се гради над патот кој води кон викендичките, а според најавите објектот треба да биде на три ката.


Милена Вучевска

 

Исламско право

Од: Toni

Време: 19.06.2017 20:38:12

Коментар: Срамно, зарем вака ли функционира правната држава? Зарем ќе се дозволи секоја педа убавина од Македонија да се исламизира? Нема став, одговорност, стратегија од надлежните за оваа масовна појава на исламизација на Македонија водена од Турција , Сауд. Арабија и Катар. 500 години турско=15 години рамковна Македонија.