Македонија

Главната воена сила на АРМ спремна за реоценување според НАТО стандардите

Најголемата единица на АРМ, Средната пешадиска баталјонска борбена група имаше планска активност вежба на командно место и уште еднаш покажа дека е обучена и оспособена согласно НАТО стандардите.

19.06.2017 17:33:08
  
Главната воена сила на АРМ која е на рамниште на најдобрите единици на НАТО  и веќе декларирана и оценета според НАТО стандардите денес изведе показна вежба пред Претседателот Ѓорге Иванов. Најголемата единица на АРМ, Средната пешадиска баталјонска борбена група имаше планска активност вежба на командно место и уште еднаш покажа дека е обучена и оспособена согласно НАТО стандардите. Оваа есен истекува сертификатот согласно алијансата па во октомври ќе има реоценување според концептот за оперативни способности.
 
 – Од она што можевме денес да видиме , радува фактот што средната пешадиска баталјонска група поточно командата е целосно обучена и оспособена согласно НАТО стандардите за водење на мировни операции и нејзина употреба. На овој локалитет можевте да видите воспоставување на реални врски и комуникации што е еден од приоритетите, вели Командант на 1ва механизирана пешадиска бригада на АРМ, Генерал Мирче Ѓоргоски, Аѓутант на претседателот Иванов

 Комплетниот состав на оваа декларирана единица работи на англиски јазик кој се користи во НАТО. Вежбата Македонски Блесок 13 која е концепирана за оценување на најголемата единица на Армијата се очекува  во октомври да помине во најдобар ред  и повторно со високи оценки. 

– Она што на сите вас ви е познато е дека приемот во НАТО претставува политичка одлука. Она што се однесува до стандардите или бараните стандарди од АРМ тоа не треба да ве потсетувам дека веќе одамна сме го постигнале, вели Ѓоргоски.

 Претседателот Иванов пред показната вежба ги посети командата на првата механизирана пешадиска бригада и воздухопловната бригада во касарната Страшо Пинџур во Петровец. Tаму беше запознат со мисијата, задачите, статусот на единиците, состојбата како и проблемите и предизвиците со коишто АРМ во моментот се соочува.

Лепа Џундева