Свет

Шулц најавува повисоки даноци за богатите Германци

Шулц кој по првичните одлични резултати во кампањата која неформално започна уште во февруари сега се обидува да ја намали предноста на ривалот канцеларката Меркел која се движи меѓу 4 и 8 %.

19.06.2017 15:56:55
 Кандидатот за канцелар на социјалдемократите Мартин Шулц денеска најави повисоки даноци за побогатите Германци и пониско оданочување за луѓето со пониски примања дококу победи на септемвриските избори. 

Шулц кој по првичните одлични резултати во кампањата која неформално започна уште во февруари сега се обидува да ја намали предноста на ривалот канцеларката Меркел која се движи меѓу 4 и 8 %.

„ Ќе го намалиме даночниот товар за малите и средни претпријатија со помал приход и ќе ги помогнеме семејствата. Нашиот предлог е добар за Германија но и за Европа затоа што ќе ја стимулира домашната потрошувачка и ќе го зголеми увозот на стоки од европските пазари во Германија“, најави Шулц денеска пред медиумите јавува дописникот на МИА од Берлин. 

Според неговите најави доколку победи СПД ќе ја зголеми даончната стапка од 42 на 45 на бруто платите за луѓето со примања над 76 илјади евра годишно а тие што приходи до 54 илајди евра ќе плаќаат помалку. Со оваа мерка СПД, доколку дојде до ситуација да формира влада, ќе им заштеди над 15 милијарди евра на посиромашните германски семејства.