Македонија

Животот на СДСМ пеколен за овоштарите, праските продолжуваат да се фрлаат, земјоделците излегуваат на протести

Расте незадоволството кај овоштарите за откупната цена на праските. Тие и натаму продолжуваат да го фрлаат родот на ѓубриште, гневни зашто институциите останале глуви за проблемот.

19.06.2017 17:32:30
Расте незадоволството кај овоштарите за откупната цена на праските. Тие и натаму продолжуваат да го фрлаат родот на ѓубриште, гневни зашто институциите останале глуви за проблемот. 

Праските, велат дел од земјоделците, ќе ги фрлаат и во иднина, зашто овоштарите први го чувствуваат животот на СДСМ за земјоделците.

За фрлањето на овогодинешниот род на праската, покажува оваа видео снимка.

Реакција доаѓаа по буквално, навредливата откупна цена со која овоштарите не можат да ги покријат ниту основните трошоци. 

Уште еден парадокс - додека родот скапува на македонските ниви, Владата дозволува увоз на праски од соседството. Најпогодени се земјоделците од Росоман и Кавадарци. Со откупна цена од само 2 денари килограм, невозможно е да се покријат основите трошоци, цена која е далеку од посакуваната нормална од 20 денари од килограм. 

Од утре, за предупредување земјоделците почнуваат со блокади на патишта, кои ќе траат секој ден до конечно исполнување на барањата.

Производителите на праска бараат ограничувања на увозот и интервенција на Владата со нудење на зголемени субвенциите за праски за минимум 50%. Тие бараат и да се донесе мерка за 100 процентно обесштетување на овоштарите погодени од невремето.

Овоштарите се надеваат дека Владата итно ќе преземе мерки за да се компензира оваа сезона. Додаваат дека извозот е многу мал, а порано во најголем дел праските оделе за Русија, а сега и тоа што се извезува е по многу ниска цена.

Борис Грујоски