Македонија

Викендов температурата ќе достигне речиси 40 степени

емпературен шок – денеска максимални 29, а веќе в сабота живата ќе се искачи дури до 38-миот степен. Календарскиот старт на летото ќе донесе драстично затоплување. И по врнежливиот период ќе следуваат вистински пеколни температури

19.06.2017 17:32:13
Температурен шок – денеска максимални 29, а веќе в сабота живата ќе се искачи дури до 38-миот степен. Календарскиот старт на летото ќе донесе драстично затоплување. И по врнежливиот период ќе следуваат вистински пеколни температури. Сонцето буквално ќе пржи со вредност на УВ индексот од 9. Состојбата дополнително ќе ја отежни дождот, кој според метеоролозите се очекува да врне во четврток. 

Засега драстичните временски промени не им создаваат поголеми проблеми на граѓаните, барем ако се суди според повиците во Итната медицинска помош. И бројот на колапси не отскокнува многу споредбено со други периоди од годината. Но според најавата на метеоролозите, како што велат лекарите, на удар најмногу ќе бидат хронично болните граѓани. Кај нив преодот од врнежливо и посвежо време, кон многу високи температури може да предизвика нагло покачување на крвниот притисок. Затоа за нив е многу важно редовно да ја земаат препишаната терапија. Нема да бидат поштедени ниту помладите, здрави луѓе.     

Според податоците на УХМР се чини дека пролетните дождови се зад нас. Метеоролозите велат дека и во текот на следната седмица во земјава времето ќе биде многу топло со висока вредност на УВ индексот. 

Елена Ставровска - Севриевска