Економија

Утре ново задолжување на Владата

Утре Владата ќе се задолжи на пазарот на домашни хартии од вредност. Владата утре планира да се задолжи за 5,6 милиони евра.

19.06.2017 13:45:59
 Операцијата ќе се спроведе преку аукција на државни обврзници, а парите ќе треба да се вратат за 15 години. Веќе следниот ден односно в среда  по основ на доспеани долгови владата ќе треба да врати идентична сума пари.

Нивото на јавниот долг заклучно првиот квартал од годинава изнесува 46 отсто од Бруто домашниот производ или  4,74 милијарди евра, што споредбено со крајот на минатата година претставува зголемување од над 28 милиони евра.