Спорт

Обојкарите со максимален ефект во Европската лига, по турнирот во Скопје

Македонските одбојкари ја совладаа Шведска и со одличен резултат ги комлетираа настапите од првиот турнир во новата сезона од Европската лига.

18.06.2017 23:44:58
 Нашите одбојкари одиграа нов убедлив меч, а овој пат во салата на СЦ Кале совладана со 3-1 беше Шведска. Противникот на разлика со 26-24 го доби првиот сет, но тоа само беше аларм, а се чини и додатна мотивација за нашиот состав да одигра максимално во продолжението од средбата во Скопје, па следните три сета ги доби со 25-17, 25-18 и 25-18.
Овој успех е исклучително важен, пред одржувањето на вториот турнир, чиј домаќин следниот викенд е главниот град на Албанија, Тирана. Сега на нашата селекција ќе и биде потребена само уште една победа за заверка на пламснаот на фајнл фор турнирот, што ќе биде четврто последователно наше учесто на завршницата од Европската лига, каде најголем успех е освојувањето на сребрениот медал.