Спорт

Моќната Македонија преку Чешка на ЕП

Македонија по петти пат ќе биде дел од едно Европско првенство во ракомет. Во Скопје вечерва беше совладана Чешка за потврда на нашиот настап на континенталниот шампионат кој догодина ќе се одржи во Хрватска.

18.06.2017 23:36:02
 Нашиот тим имаше одличен старт на мечот во ВИП Арената. Поведе со мини серија од 2-0, потоа со цврста одбрана и добро изградените напади некои од нив и навистина атрактивни и убави за око ја зголемуваше предноста. Кога не функционираше најдобро шутот, балансот го одржуваше чуварот на мрежата Борко Ристовски.
Кире Лазаров капитенски ја презеде иницијативата, безмилосно ја полнеше мрежата на Чесите. На полувреме се замина со позитива од 6 гола или резултат 16:10. Нашиот селектор постави перфектна игра, шанса за настап добија сите, а во вториот дел Чешка беше демолирана, на средината од ова плувреме Македонија стигна до двоцифрена предност и тука беше веќе јасно дека сигурно патуваме за Хрватска.
Се чекаше конечниот резултат, а избранците на Раул Гонзалес, одиграа моќно до крајот за висок трумф од 33:20 кој ни го донесе вкупно петиот настап на континенталните шамшионат за ракометари или четвртото последователно учество.
Борко Ристовски имаше блескава партија на нашио гол со 16 одбрани, најефикасен во нападот беше Кире Лазаров со 11 гола. 
По оваа победа Македонија е прво пласирана во групата што нуди поволност и пред жрепката која нашиот тим ќе ја чека од вториот шешир.