Црна хроника

Тешка сообраќајна несреќа на патот Битола – Демир Хисар: еден загинат, четворица повредени

Тешка сообраќајна несреќа кај Битола. Еден загинат, четворица повредени откако синоќа мерцедес удрил во камион Там. „Возачот на мерцедесот, четириесет и двегодишен битолчанец им подлегна на повредите во клиничката болница во Битола, а лекар од служба

16.06.2017 18:48:56
Синоќа во 21,05 часот се случила сообраќајна незгода  на Кукуречанска раскрсница на надвозникот од патот Р-1305 Битола – Демир Хисар.   Во сообраќајната незгода учесници се  ПМВ „Мерцедес 200“ со битолски регитарски ознаки, управувано од Сашо П. (42) ОД Битола, кој во сообраќајната незгода се здобил со тешки телесни повреди и од здобиените повреди починал во Клиничка Болница Битола. Смртта е констатирана од страна на доктор од служба за Ургентна медицина.

Сопатници во возилото се :  Г.Ј (24) од Битола, кој во сообраќајната незгода се здобил со тешки телесни повреди  (фрактура на главата и коматозна состојба);   И.Ј. (41)   и    А.Р. (53)  и двајцата од Битола.  Лицата се задржани  на опсервација и лекување во Клиничка болница Битола.  ТМВ „Там 80 Т“ со битолски регистерски ознаки,  управувано било од Е.Б (30) од Битола,кој во сообраќајната незгода се здобил  со телесни повреди (набиеници на потколеница и подлактица)  констатирани  од страна на доктор од Одделение за ортопедија во Клиничка болница Битола.

Увид на лице место е извршен од страна на Јавен обвинител и увидна екипа на СВР- Битола.  Врз телото на починатиот е издадена наредба за обдукција.За време на вршење на увидот , во периодот од 21,20 до 23,50 часот , сообраќајот на патот Р-1305  Битола-Демир Хисар беше затворен за сообраќај  за сите моторни возила, соопшти полицијата.