Македонија

Како новинарот Чернетиќ стана лажниот принц на Црна Гора и Македонија

Чернетиќ успеа на светот да му се претстави како потомок на црногорската династија Црнојевиќ и принц од Црна Гора и Македонија.

16.06.2017 17:12:31
Стефан Чернетиќ, новинар и гастрономски критичар, цели 6 години успешно живеше со својата лага, претставувајќи се како принцот од Црна Гора и Македонија и така си обезбеди влез во гламурот на светскиот џет сет. 

Ама филмот на лажниот престолонаследник го расипа македонската амбасада во Италија, на чија адреса пред некој ден стигнала сметка со баснословна сума од елитното италијанско одмаралиште Фусини, каде ручал принцот. Па амбасадата на менаџерот наместо пари му испратиле одговор:„не ни праќајте сметки, принц немаме, а сигурно не би го делеле со Црна Гора“.  

Полицијата 57 годишниот Чернетиќ кој живее во Торино го уапси вчера. Сега лажниот принц се соочува со низа кривични дела лажно претставување, фалсификат, како и посебни пријави за неговиот црн мерцедес со кој ја поминал цела Европа, а возилото секогаш беше накитено со знаменца на Црна Гора и лажни налепници на дипломатскиот кор. 

Преку социјалните мрежи и со неговиот лажен профил, преполн со слики од елитни коктели и вечери, како и лажните страници на интернет каде ги објавувал своите лажни вести, Чернетиќ успеа на светот да му се претстави како потомок на црногорската династија  Црнојевиќ и принц од Црна Гора и Македонија. 

Лажната титула на Чернетиќ, насамрила бројни претставници на италијанскиот и светскиот џет сет, а лагата дека е принц му била гаранција да биде во друштво со градоначалници, како и вистински потомци на кралски семејства. Така „неговото височество“ само пред две недели во Атина на иста маса седел со принцезата Ирена, а неколку дена пред тоа во Монако, гледале Формула 1 заедно со еден шеик. 

Пред лажниот принц клечеше и плејбој зајачица Памела Андерсон, која поверувала во легитимноста на престолонаследникот на Црна Гора и Македонија и клекнала пред него кога ја прогласил за грофица. 

Бајката полна со скапи пијалоци, убави жени, скапи автомобили и луксузни вили заврши за Чернетиќ. Бившиот новинар сетоа тоа го живееше благодарение на оние со многу длабок џеб, кои веруваа во кралската приказна за која Чернетиќ, скапо им наплатуваше.



Катерина Гетева  
 

Од: Do Jakov

Време: 17.06.2017 02:31:30

Коментар: Јаков, веднаш да се вратиш во учичиште. Не е многу тешко да се состави разбирлива просто проширенна реченица, за сложените во некоја друга прилика. Не си разбрал ништо од текстот.

Jakooooooo

Од: Jakov

Време: 16.06.2017 17:31:51

Коментар: I kaj takvi nie se stremime od bogastvo izgubile sens za realnost