Македонија

Влатко Ѓорчев за АЛФА: СДСМ нема кадровска понуда за да ги реализира огромните ветувања за живот во Македонија

Влатко Ѓорчев ги коментира предложените кадри за заменици министри во вестите на ТВ АЛФА. Според него, тие треба да бидат втори луѓе во министерствата, но ретко кој ги знае нивните способности. СДСМ за Ѓорчев не води добра кадровска политика.

14.06.2017 19:43:14
„Факт е дека СДСМ нема кадровска понуда, нема луѓе кои ќе ги реализираат сите оние огромни ветувања кои луѓето очекуваа дека гласајќи ќе донесат живот во Македонија. Нема кој да ги спроведува тие проекти. Се работи за едно тесно уценето парламентарно мнозинство во кое коалиционите партнери во конкретниот случај ДУИ и АА на дневна основа можат да го уценуваат СДСМ и тоа ја прави позицијата на премиерот вонредно ранлива. Поради тие причини, дури сега имаме договори за заменици министри, поради тоа доцнат сите тие именувања во владата, поради тоа, и по 2 месеци од кога е обзнанета, објавена оваа коалиција немаме ниту еден единствен предлог на закон којшто ќе дојде во собранието, ќе го дебатираме и гласаме. Сите оние 200, 300, 500 експерти кои Македонија ќе ја реформираат, кои ќе направат чуда во Македонија, 30 економски закони, плата 30 илјади денари веднаш, тутунот 90 денари веднаш, укинување РДТ веднаш, значи се беше веднаш, веднаш. Одеднаш ништо, ништо, ништо. Ништо не е подготвено, ниту еден закон не е подготвен, ниту едно решение не е издржано и гледаме дека оваа влада нема буквално никаков план со кој едноставно ќе ги решава проблемите во Р.М. Уште некое време ќе гледаме разноразни изговори, но факт е дека не можат да го испорачаат она што граѓаните го очекуваат, ан тоа се економија, вработувања, автопатишта, намалување на невработеноста. Ние веќе, за жал, со оваа влада, ад акта (затворен случај) е зголемување на плати, пензии. Значи нема агенда, нема понуда за граѓаните, нема подобрување“ - рече Ѓорчев.

„Па не ги знаеме предложените кадри. Предложените кадри треба да водат важни ресори. Треба да бидат втори луѓе во министерствата. Никој не ги знае. Да запреме 10, 20, 30 луѓе на улица, 1,2,3 можеби ги знаат, а тука имаме еден куп луѓе коишто се предложени. Главен проблем на оваа влада е што нема легитимитет, што имаме огромно мнозинство на граѓани на Р.М. особено на македонскиот народ и особено другите етнички заедници кои мнозинство гласаа за коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, значи Турци, Бошњаци, Срби, Роми, Власи, кои мнозински гласаа за коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ не и го даваат легитимитетот на оваа влада. Легитимитетот на оваа влада е исклучиво ДУИ и АА“ - вели тој.
 

Подлизурковци

Од: Славчо Бојковски

Време: 14.06.2017 22:02:36

Коментар: Ако Влатко не познaва друг освен неговите подлизурковци, не значи дека таков кадар нема во Македонија. За време на нивната власт, способна личност со свој став за решавање на проблеми немаше никакви шанси за медиумска промоција. Ти Влатко се плашеше од таквите луѓе. Сега ќе видиш што сте пропуштиле и каква штета сте и нанеле на Македонија со промоција на полтрони на важни места во државата. И многу подобро за тие луѓе што не ги познаваш. Тие сигурно се гордеат со тоа.

sdsm nema kadar

Од: dimko

Време: 14.06.2017 20:03:47

Коментар: ti vlatko djorcev ne se sekiraj za nivniot kadar