Економија

Превработеност или не во јавната администрација и каков ќе биде реформскиот процес

Јавната администрација се соочува превработеност, кажа министерот за информатичко општество Дамјан Манчевски. Екс министерката за информатичко општество прокоментира дека бројот на вработени на определено и неопределено време е 130 илјади и дека не

13.06.2017 19:31:14
 Јавната администрација се соочува превработеност, кажа министерот за информатичко општество Дамјан Манчевски. Тој посочи дека немало доволно стручен кадар, а во институциите имало несоодветна екипираност, посебно со ИТ кадар. Според него имало необјективно вработување во јавната администрација поради што има превработеност и е неопходна итна реформа и формирање на консултативен совет за создавање на стручна и ефикасна јавна администрација. Манчевски  додаде и дека се размислува за воведување двосменско работење на администрацијата и флексибилно работно време .

 Екс министерката за информатичко општество прокоментира пак дека треба да се продолжи реформскиот курс којшто претходната Влада го започна и дека само на тој начин ќе се видат резултатите од реформскиот процес. 

 - Како итни чекори во реформата ние ги направивме заедно со Европската Комисија , беше консултирана стручна и научна јавност, граѓанските организациии е веќе направено нова стратегија за јавната администрација до 2021 год,вели Марта Арсовска Томовска

 Арсовска Томовска кажа и дека бројот на вработени на определено и неопределено време е 130 илјади и дека не станува збор за превработеност.

  - Споредено со европски, светски стандарди, со стандарди од бивша Југославија и Западен Балкан ние имаме не просечна вработеност, туку во некои споредби кога се прават компарации и потпросечна вработеност. Во однос на 1000 жители во однос на процент во вкупната вработеност во државата во однос на плаќањето од буџетот и во однос на процент од GDP,вели Марта Арсовска Томовска.  

 Арсовска Томовска предупредува дека новата Влада би требало да направи ефикасна реорганизација на луѓето преку мобилност и преку инструментите кои постојат во законската регулатива за да се обезбедат јавни услуги за граѓаните, само преку начин на кој ќе се обезбеди целосен Мерит систем за ефикасна јавна администрација.

 Во врска со двосменското работење на администрацијата и флексибилно работно време екс министерката рече дека тоа било укинато пред 2 години , затоа што со воведување на електронски услуги ако 60 отсто од граѓаните ги извршуваат своите работи електронски и нема потреба токму од двосменското работење. З
а флексибилното работно време кажа дека иако сега било тренд и модерно сепак станува збор за администрација не за приватен сектор и поединецот треба да се вклопи во механизмот на институцијата и системот на државата.

 

Поздрав до Сокол

Од: Драган

Време: 13.06.2017 22:07:53

Коментар: Би било убаво, Сокол да се точно произнесе што тоа подразбира ,, да се почне од почеток,,. На кој и каков почеток мисли. Едно е точно јавната администрација е полна со нестручни лица, но тој процес започна со периодот на т.н. позитивна дискриминација. Кога припадници од етничките заедници со неквалитетно оформено образование заради процент беа вработени во администрацијата, за жал тој тренд продолжи и реално не гледам дека и сега ќе се промени нешто, напротив едни нестручни партиски кадри ќе бидат заменети со нови. За жал не гледам преспектива. Не гледам никаква надеж и од новото раководство.

Administracija

Од: Sokol Klincarov

Време: 13.06.2017 20:50:38

Коментар: Kolku treba da se bide pameten, pa da se zakluci deka javnata admnistracija e najtezok problem na novata vlada, kako primer, ministerstvo za zivotna sredina so 330 vraboteni, kade sto nisto ne se raboti, bukvalno nisto, koj budzet toa moze da go izdrzi, ako se ima vo predvid uste kolku takvi ministerstva postojat, javni pretprijatija, agencii.....koj ke gi plaka site ovie...treba restrikcija, drasticno namaluvanje na vrabotenite vo administracijata i da se trgne od pocetok...ministerstvoto za zivotna sredina funkcionirase korektno so 50-60 vraboteni do 2006, potoa se slucuva toa sto sega go imame kako problem, od tamu dokument se dobiva samo preku kabinetot, ili Upravata za zivotna sredina....katastrofa za site sto apliciraat za dokumenti, dozvoli, soglasnosti..