Македонија

Спасовски: Без расчистување на случувањата од 27 април, МВР не може да функционира нормално

За случувањата во Собранието, Внатрешна контрола донела одлука за суспендирање на 23 полицајци, а биле спроведени 45 дисциплински постапки.

08.06.2017 15:05:45
Полицајците не ги испочитувале сите процедури при интервенцијата во Собранието на 27 април, тврди министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски повикувајќи се на извештајот од работната група која ги ценеше постапките на МВР за време на насилствата. Освен тоа недостасувала и единствена команда при донесување одлуки, тврди Спасовски. Извештајот е класифицирана информација објасни тој, па затоа денеска ќе биде доставен до Обвинителството, кое треба да одлучува дали ќе има  кривичен прогон за инволвираните.  За случувањата во Собранието, Внатрешна контрола донела одлука за суспендирање на 23 полицајци, а биле спроведени 45 дисциплински постапки.  Министерот како неточни ги отфрли шпекулациите на некои медиуми дека ги сменил началникот на Централните полициски сили и началникот на специјалните единици. 

-Скенирањето на состојбите, анализирањето на причинско-последичните врски на настаните, резултираа со утврдување на формално-правните пропусти и недоследности во актите и процедурите, откривање на системски недоследности, воочување на  дисфункционалности кај одредени организациони облици на МВР, со што  децидно се наметнува потребата од одредени реформски зафати во целиот систем. Меѓутоа, воочувањето на намерните пропусти односно свесно пропуштање (отсуство) на дејствување на одговорните  лица во системот, јасно ги детектираше  претпоставките за нивна индивидуална одговорност,изјави министерот Спасовски. 
 

Spasovski:Bes rascistuvanje na slucuvanjata od 27 april,MVR ne moze da funkcionira normalno

Од: Hristo Neshkovski

Време: 09.06.2017 05:10:25

Коментар: Gospodinot Spasovski zabrzano raboti kon voveduvanje na piliciska drzava vo Republika Makedonija na shteta na obicnite gragani na drzavata!?Ne go analizira diveehjeto na pratenicite vo Sobranieto na drzavata se zakaci na obicnite policajci,i nivnite rakovoditeli kako da tie samo eden den na 27 april 2017god da bile na rabota!Toa shto go sproveduva novoto mnozinstvo vo parlamentot udirajki na site znacajni licnosti vo narodot,rodolubec koj tolku dolgo izleguval na ulicni deminstracii po miren nacin ne gazejki na trevka za dda ne ja oshteti,nikoj ne im se obratil od taa elita koja denes e na vlast??Udirajki po obvinitelite od vrvot na Makedonskoto sudstvo vo site pogladi go bara sudstvoto vo racete na novata vlada!?Shto misli narodot ke im go dade ili veke gi uplashija i tie jadni se ostaveni sami na sebe,zalosno! Policajcite se vospitani onaka kako shto postapija od nivni kolegi od Evropskata Unija!! Koj e vo pravo so ova, onie koi gi treniraa policajcite na stadionite ili onie koi go tepaa narodot vlezen vo svoeto Sobranie kako shto miluvaat da kazat politicarite vo Makedonija. Mislam dosta e be luge ako ste od majka rodeni,treba da se znae spontano e spontano ne e organizirano od nikogo,toa se covecki cuvstva vo momentot nikoj ne e nasilnik.Blagodaram.