Македонија

Зоран Заев планира да се ослободи од оградата околу владината зграда

Клупи за одмарање од бетонските столбови пред Влада, а металните конструкции ќе бидат искористени како тенди за клупите, вака премиерот Зоран Заев планира да се ослободи од оградата околу владината зграда.

05.06.2017 18:06:15
Клупи за одмарање од бетонските столбови пред Влада, а металните конструкции ќе бидат искористени како тенди за клупите, вака премиерот Зоран Заев планира да се ослободи од оградата околу владината зграда. Покрај точките на првата владина седница ќе се најде и проектот за оградата, а како што вели премиерот ќе бидат ангажирани и архитекти кои ќе работат на новото визуелно решение.  

Пред почетокот на првата седница премиерот Зоран Заев порача дека Владата е на граѓаните и затоа таа отсега ќе биде отворена. 

Оградата од ковано железо која беше поставена во 2015-та чинеше 700.000 евра од државниот буџет, а идејата за нејзино отстранување би донело нови дополнителни трошоци. Заев вели дека сите трошоци околу уривањето на оградата ќе биде во рамките на Законот за јавни набавки.

Владината ограда инаку беше поставена во времето на Никола Груевски, поради како што тогаш беше кажано, зголемени безбедносни мерки од можни терористички напади, но сепак беа воведени и отворени денови за граѓаните. 

Инаку на првиот работен ден портите од Владата беа отворени, бидејќи како што рече новиот премиер таа е правена со пари на граѓаните и ќе биде достапна за сите. 

Ивана Соколовиќ Најдова 
 

Vlada

Од: Marjan

Време: 16.06.2017 23:20:56

Коментар: Pa na zoki mu teknuvase za se, ama na nikola ne mu bese dosta nisto poveke samo da lapa,lapa i lapaaa....

farbac

Од: niki

Време: 05.06.2017 21:10:48

Коментар: a ne vi teknuvase deka seto toa sto so meseci go farbavte isto taka bese izgradeno so pari na gragjanite.sega koga gi namestivte vasite debeli gazovi vo foteljite, pocnavte da se ''grizite'' za parite na gragjanite. porano ne bese vazno...