Македонија

Направена првата мапа со патеките на Шара

54 патеки се дел од првата изработена мапа за движење по Шар планина. Од Љуботен до Mавровското езеро, исцртани се сите патеки кои можат да се поминат.

21.04.2017 18:06:27
54 патеки се дел од првата изработена мапа за движење по Шар планина. Од Љуботен до Mавровското езеро, исцртани се сите патеки кои можат да се поминат. Ова е дел од проектот за зачувувње на биолошката разновидност на Шар планина и одржливото искористување на ресурсите,но и поттик да се започне со нови маркирања на патеките со европски стандарди, кои ќе привлечат и нови туристи.

Процесот за прогласување на Шар планина за национален парк веќе со години тапка во место. Одлуката треба да ја донесат надлежните, иако локалното население според истражувањата на невладините организации ја подржува идејата, да се заштити планината. Направена е и студија за развој на Попова шапка како развојна туристичка зона. Но потребно е многу повеќе, особено за развој на руралниот туризам. 

Шар планина е вистински планински бисер во Македонија,но само заедничкото работење за развој може подолгорочно да вроди со плод. Тоа би значело туризам и во лето, а не самo на зима, и побројни туристи од земјата и светот. 

Милена Вучевска