Економија

Јапонска донација за чистење на пелагониските канали

Дваесет и пет милиони денари преку апликациите на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион ќе добијат руралните општини од Југозападниот регион.

20.03.2017 21:21:19
Дваесет и пет милиони денари преку апликациите на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион ќе добијат руралните општини од Југозападниот регион, за реализација на не четири проекти, преку Бирото за регионален развој, за реконструкција на зелениот пазар во Демир Хисар, изградба на сала за културни настани во с. Долнени, противпожарно восило во Крушево и за чистење на коритото на Црна река преку општините Новаци и Могила. Ова беше речено на денешната седница на Советот на Пелагонискиот плански регион во Битола, каде беше промовирана и јапонската донација на багер со кој ќе се чисти каналската мрежа и помалите речни корита во сите девет општини.

- Станува збор за багер што ќе се фокусира на помалите речни корита кои ги има во руралните општини и за прв пат, јапонската амбасада додели грант на регионално ниво со кој ќе  финансира багер што ќе се коирсти во сите девет општини- рече Емилија Геровска, директор на ЦР ППР.- Ќе работиме континуирано во сите општини кајде што имаме каналска мрежа за чистење. Видовте, ние со еден зафат исчистивме 30 км од река Црна од крупната и ситната механизација и ќе продолжиме понатаму, бидејќи ја имаме и оваа механизација- рече новачкиот градоначалник Лазар Котевски, кооординатор на кризниот штаб за спарвување со поплави.

Покрај  коритото на Црна река, во годинешниот циклус, со досегашната и новата механизација, забрзано ќе се чисти деталната каналска мрежа, со што, одводнувањето како значајна агромерка ќе има примарна цел да ги спречи или намали можностите од поплави во овој доминантно земјоделоски регион.


Петар Стефановски