Македонија

Петровски: Го отфрлам обвинението од Уранија Пировска, нема да дозволам никој да ми го забрани правото на став и слобода на говор

Генералниот секретар на СДСМ, Оливер Спасовски, не се појави на распит во Основното јавно обвинителство - наводно не добил покана. Од таму потврдија дека Спасовски е повикан на распит.

20.03.2017 17:40:21
Генералниот секретар на СДСМ, Оливер Спасовски, не се појави на распит во Основното јавно обвинителство - наводно не добил покана. Од Обвинителството потврдија дека Спасовски е повикан на распит.

Делата за кои е отворена постапката за СДСМ се во врска со употреба на недозволиви средства за изборна кампања и давање на лажни податоци во финансиските извештаи.

Во постапката се преземени претходни дејствија, побарана и прибрана е материјална документација, релевантни писмени докази, а во Основното јавно обвинителство - Скопје се сослушани повеќе од 70 сведоци.

Наводните сомненија за лажирање на финансиските извештаи и начинот на финансирањето на партијата, се предмет на истрага. Се работи за две избиорни единици, каде обвинителството има докази дека СДСМ нуделе вработувања и паричен поткуп за да граѓани гласаат за нивната партија. Заев се појави на петочниот распит, но изјави дека доказите ќе ги разгледале дури в среад кога и ќе се произнеле. Постапката е за изборите во декември, но и за изборниот процес во 2014-та година. 

Спасовски не се појави, но на распит дојде Филип Петровски, кој доби кривична пријава додека токму Спасовки беше технички министер за внатрешни, ја доби за искажан став на Твитер. 

Тој се сомничи дека предизвикал општа опасност и загрозување на националните и верски права. Распитот е по барање на Хелсиншкиот комитет на чело со Уранија Пировска, и невладините организации финансирани од СОРОС, кои се обидуваат да ги замолчат не истомислениците. 

Според Петровски, ова е брука од невидени размери која покажува спрега на невладините организации финансирани од странство, но и од други држави кои што се користат како алатка да се потисне слободата на јавно изразување.

Инаку, Филип Петровски е обвинет за фотографија која ја објавил со патриотското здружение „Ќосето“ во Прилеп на митинг на ВМРО-ДПМНЕ, поради што, според обвинувањата предизвикал говор на омраза, како и верска нетрпеливост.  

Инаку, помалку парадоксално, но токму Уранија Пировска јавно се закануваше по безедноста на полициските сили за време на протестите на Шарената револуција.

Борис Грујоски