Црна хроника

Почина четиригодишното дете од кичевско Бачишта нападнато од кучиња

Четиригодишното дете од кичевското село Бачишта кое беше нападнато од глутница кучиња и поради сериозноста на повредите пренесено во Клиничкиот центар во Скопје денеска им подлегна на повредите.

19.03.2017 18:08:48
 Четиригодишното дете од кичевското село Бачишта кое беше нападнато од глутница кучиња и поради сериозноста на повредите пренесено во Клиничкиот центар во Скопје денеска им подлегна на повредите.

Детето со тешки повреди на стомакот, градниот кош и главата беше донесено пред четири дена во Клиничкиот центар во Скопје каде му беше извршена операција и укажана потребната медицинска помош. 

Тоа беше нападнато од глутница кучиња во моментот кога излегло од куќата во која живеело сакајќи да појде во соседната куќа каде бил неговиот татко.