Црна хроника

МВР го растури бизнисот со кокаин и хероин на 8 дилери

Се уште не се открива како дрогата стигнувала во Арачиново, дали во селото имало импровизирана лабораторија каде се обработувал и пакувал кокаинот и хероинот за да се подготви за улична препродажба.

18.03.2017 16:36:09
Полицијата доцна синоќа, го разби бизнисот со хероин и кокаин, на дилери од Битола, Прилеп и околината на Скопје. Неофицијално од осумчлената организирана група, синоќа биле уапсени шест, по двајца се уште се трага. 
Истрагата на полицијата оди во насока дека осомничените работеле како група, дрогата ја купувале од Арачиново, а ја препродавале во повеќе градови низ државата. МВР и официјално потврди за акцијата, во краткото соопштение информираат дека  во тек е операција за сузбивање на организирана криминална група која на национално ниво се занимавала со препродажба на различни видови наркотици, а детали за истата ќе има откако ќе заврши во целост. Се уште не се открива како дрогата стигнувала во Арачиново, дали во селото имало импровизирана лабораторија каде се обработувал и пакувал кокаинот и хероинот за да се подготви за улична препродажба.

Во меѓувреме некои портали излегоа со информација дека меѓу  осомничените е и братот на претседателот на општинската организација на СДСМ, во Арачиново. Како и  фотографија со претседателот на Алијансата на Албанците Села, со како што пишува, лице кое го сомничи полицијата дека е вмешано во дилањето  дрога.  


Катерина Гетева