Македонија

Заглавени камиони, проодни патишта, најави за нов снег

На сибирски температури, заглавени и смрзнати. 70 камиони чекаат за влез во Грција. Грчките власти ги спуштија рампите на граничниот премин Евзони.

11.01.2017 17:59:31
 На сибирски температури, заглавени и смрзнати. 70 камиони чекаат за влез во Грција. Грчките власти ги спуштија рампите на граничниот премин Евзони.Поради лошите временски услови и состојбата на патиштата, од два часот ноќеска на тешките товарни возила  не им е дозволено да ја преминат границата.Ова известување македонските власти од грчките полициски службеници го добиле во два часот утринава. Возачите на камионите револтирани.
Сообраќајот на патиштата во земјава  се одвива тековно, во зимски услови по претежно влажни коловози,  со остатоци од снег. Поради ниските температури наместа е можна појава на голомразица, информираат од АМСМ.Забрана за сообраќај за тешки товарни возила има единствено на правецот Маврово – Дебар.

Ниските температури драстично ја зголемија и потрошувачката на електрична енегрија. Овие десет дена се користи 26 проценти повеќе струја од истиот период минатата година. Вчерашниот 10-ти јануари е регистриран како ден кога е потрошена највеќе  електрична енергија изминативе години. ОД ЕВН велат дека дистрибуивната мрежа е стабилна. Дефектите брзо се отклонуваат, а побавно иде на потешко достапните планински места.

Дефекти се случуваат најчесто во оние населени места каде станарите се откажале од градското прано и сега се затоплуват на струја, онаму каде се краде струјата како и на места каде на старите бараки се изградени големи куќи а пренамената на ел. Енегрија не е рпегеристрирара. Но и тука нашите екипи брзо реагираат и ги отклонуваат дефектите, вели Атанас Ковачевски портпарол на ЕВН.

Од ЕЛЕМ велат дека снабдувањето со електрична енергија се одвива редовно во согласност со потребите. Најавуваат дека третиот блок во РЕК Битола ќе проработи за два дена, а информираат дека увозот на струја од вчеар го забрани Грција а такви најави има и од Бугарија. Тоа значително ги стеснува можностите за увоз на струја од соседните држави.

Набавката на електрична енергија што се врши во овој период нема да влијае врз цената на електричната енергија за домаќинствата и за малото стопанство кои се на регулираниот пазар за електрична енергија, затоа што негативните финансиски импликации во целост се нивелирани со додадената вредност од продажбата на вишоци на електрична енергија што АД ЕЛЕМ ја реализираше во ноември и декември, како и од вишоците што компанијата ќе ги реализира во наредниот период.  Средствата за таа намена АД ЕЛЕМ во целост ги обезбеди од сопственото работење, стои во соопштението на ЕЛЕМ.

Збогум на поларните минусни температури, добредојде за новиот снег. Старата нова година ќе донесе нов температурен бран во земјава. Веќе од петок синоптичарите најавуваат затоплувaње, температурите  ќе се движат околу нулата,  сибирскиот студ ќе биде заменет со клима карактеристична за македонската зима. Во петок нов снег, поинетнзивно ќе врне на планините и повисoките места, во котлините се очекува и дожд. 

  Нов влажен бран ќе има од петок кон крајот на денот и во сабота, кога на повисоките места и на планините ќе има врнежи од снег, а на пониските места врнежи од дожд и снег. Пообилни врнежите ќе бидат во западните делови каде ќе дојде до зголемување на снежната покривка.Во недела ќе има преодно стабилизирање, а од понеделник ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од снег со променлив интензитет. 

Дневната температура ќе биде околу нулата, вели Костадика Арсовска дежурен синоптичар во УХМР
Учениците ќе имаат уште малку време да се порадуваат на снегот, за понеделник се најавува нова снежна покривка, а веќе в сред почнува второто полугодие.


Весна Ќуксановиќ Крстеска