Македонија

Целосна поддршка од страна на коалиционите партнери за лидерот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски

Сите претставници на политичките партии,на средбата ги предочија своите видувања и дадоа свои идеи Како Коалицијата за Подобра Македонија треба да постапува во идните преговори за новата Влада.

10.01.2017 18:04:39
  Целосна поддршка од страна на коалиционите партнери доби денес лидерот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски. Сите претставници на политичките партии,на средбата ги предочија своите видувања и дадоа свои идеи Како Коалицијата за Подобра Македонија треба да постапува во идните преговори за новата Влада. 

 Насоките за идните преговори се составен дел од програма на ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата. За ставовите  во врска со заедничката платформа на албанските партии и позициите на ДУИ, од ВМРО истакнаа дека тие се соопштени преку интервјуто на Груевски. На денешната средба посебно негодување имаше кај претставниците на политичките партии кои ги претставуваат помалите етнички заедници.

 Во меѓувреме сеуште нема прецизни информации кога ќе започнат преговорите со ДУИ. Рокот за формирање на идната влада е јасен.
Од ВМРО и Коалицијата за Подобра Македонија, истакнуваат дека најголем број на гласачи им ја дале довербата токму нив и дека нивна обврска е да обезбедат стабилност и функционирање на институциите и дека ќе се трудат да го направат тоа.

 Лепа Џундева