Сцена

Проблеми со срцето - причина за смртта на Џорџ Мајкл

Британската поп ѕвезда Џорџ Мајкл почина од срцева слабост, изјави денеска неговиот менаџер Мајкл Липман.

26.12.2016 11:27:36
 Британската поп ѕвезда Џорџ Мајкл почина од срцева слабост, изјави денеска неговиот менаџер Мајкл Липман.

Пред таа изјава, лондонската полиција ја оквалификува смртта на пејачот како „необјаснета, но не и сомнителна".

Џорџ Мајкл почина синоќа на 53-годишна возраст.

- Жал ми е, пријателе! Уште еден голем музичар не напушти. Може ли 2016 година да исчезне веднаш!?, напиша поп ѕвездата од 90-те Мадона на социјалните мрежи.

- Почивај во мир, Џорџ Мајкл. Не можам да поверувам! Така неверојатен пејач и прекрасен човек, толку млад, а не напушти, се надоврза Брајан Адамс.

- Штотyку ја дознав тажната вест за Џорџ Мајкл. Немам зборови. Годинава го одзеде животот на толку многу прекрасни луѓе кои беа премногу млади, објави гитаристот на „Квин“, Брајан Меј.

Оваа 2016 година навистина се покажа кобна за музичката индустрија. Последниве 12 месеци починаа Дејвид Боуви, Принс, Морис Вајт, Леонард Коен и Глен Фри.