Македонија

Корисниците на социјална помош загрижени што личности на СДСМ ги прегледува личните податоци

Личните податоци на граѓаните наместо да ги прегледуваат експерти во својата област ќе ги чешлаат партиски војници на СДСМ. Револтирани велат дека нивните жалби треба да бидат соодветно решени, а не да се искористуваат за партиски цели.

19.11.2015 17:39:30
Личните податоци на граѓаните наместо да ги прегледуваат експерти во својата област ќе ги чешлаат партиски војници на СДСМ. Револтирани велат дека нивните жалби и поплаки треба да бидат соодветно решени, а не да се искористуваат за партиски цели. 

Граѓаните прашуваат како може не стручен кадар да врши проверки во документите, бидејќи како што велат, овие луѓе треба да бидат заштитени, а не јавно извикани.  

Се уште не е јасно зошто Мила Царовска, претседателот на партиската комисија а воедно и не вработена во министерството, има потреба од личните податоци на граѓаните. Велат дека, техничката министерка не треба да го руши она што до сега е направено. 

Граѓаните се сериозно загрижени, револтирани и згрозени од ваквите потези на Фросина Ременски и СДСМ. Тие не бараат да се стават во нивна кожа, за тоа како би изгледало кога некој би чешлал по нивни лични податоци, затоа што како што велат, СДСМ никогаш не ги ни интересирале граѓаните туку само нивните партиски цели и интереси.

СДСМ постојано гласно обвинуваше дека се злоупотребуваат институциите и функциите, а сега техничката министерка рената ременски по само една недела по седнувањето на министерската фотеља, изврши класична партизација на институцијата. 

По нејзнина наредба, луѓе од нејзиниот тим, свесни дека работат спротивно на Законот, даваат инструкции на вработените во министерството, а тоа се докажува и со испратениот маил од Мила Царовска што се појави во јавноста. 

Доказ дека таа не е вработена во институцијата се гледа јасно на овој документ, кој покажува дека Царовска од 2012 година е вработена во невладината организација Х.Е.Р.А, на неопределено време. 

За скандалот да е уште поголем, покрај за Царовска се бара отворање на службен мејл и за уште едно лице кое е невработено во министерството. Станува збор за Кристина Пеповска, која во моментов се води како невработена во Агенцијата за вработување.

Експертската јавност остро ги осудува овие погрешни чекори и сметаат дека СДСМ се става над Законот и граѓаните. 

Борис Грујоски