Македонија

МОН и СОНК се договорија да прекине штрајкот во воспитно образовните установи

Учениците и родителите конечно можат да бидат мирни. Од денеска штрајкот е прекинат како резултат на постигнатиот договор меѓу СОНК и МОН. Наставата во сите основни и средни училишта се одвива нормално, а и најмалите се згрижуваат во сите градинки. О

04.02.2015 18:17:26
Учениците и родителите конечно можат да бидат мирни. Од денеска штрајкот е прекинат како резултат на постигнатиот договор меѓу СОНК и МОН. Наставата во сите основни и средни училишта се одвива нормално, а и најмалите се згрижуваат во сите градинки. Ова е само една од одлуките кои ги договориле двете засегнати страни. 

Во соопштението на МОН стои дека 
-МОН и СОНК по неколкудневни интензивни преговори, постигнаа взаемно прифатлива спогодба по однос на сите отворени прашања.
Врз основа на взаемно прифатената спогодба, Одлуката за генерален штрајк на СОНК се става вон сила.  
И од СОНК потврдија дека постигнат е значителен напредок во преговорите во МОН. 
Покрај ова, тие се согласиле за одложување на примената за казнување и наградување на наставниците во основното и средното образование, врз основа на екстерното оценување на учениците се додека не се постигне взаемен договор меѓу СОНК и МОН, најдоцна до 15 март оваа година, потоа договориле работните групи за утврдување на повисока основица за платите, да ги продолжат преговорите и два пати месечно да се одржуваат работни средби, а констатирале и дека треба да престанат да се водат пишаните класични дневници и дека ќе заминат во историјата. 

Ова се само дел од 7-те точки кои што ги постигнале на синоќешната заедничка седница која траела до доцна во ноќта. И двете страни Се договориле дека ќе ги продолжат интензивните преговори во рамки на социјалниот дијалог. 


Елена Бошковска Крстевска