Македонија

Промовирана лабораторија за оптички комуникации на ФЕИТ

Побрз интернет и поквалитетни услуги во интернет технологијата ќе добијат граѓаните од телекомуникациските компании.

16.02.2014 12:13:28
Побрз  интернет и поквалитетни услуги во интернет технологијата ќе добијат граѓаните од телекомуникациските компании. Ова е само дел од придобивките кои ќе ги овозможи новата лабораторија за оптички комуникации која што денеска беше промовирана  на  Факултетот за електротехника и информациски технологии  на скопскиот универзитет. 

Таа чини околу 250 илјади евра. Факултетите и бизнис заедницата  веќе почнале да ја користат во пракса.
 
-Сосема извесно е дека лабораторијата ќе биде користена  од компании кои произведуваат мережи, кабелски мрежи,  кабелски телевизии или какви било други компании кои се занимаваат со пренос на телекомуникации, изјави премиерот Никола Груевски.

Лабораторите можат да ги  користат професорите и студентите  за своите научни трудови,  истражувања. Но и приватниот сектор  во производството. На тој начин производот ќе добие сертификат кој ќе биде  меѓународно признат, а компаниите ќе заштедат пари, оти за овој документ се одело надвор а чинел многу рече премиерот Груевски. 

Досега се набавени 80 лаборатории чија инвестиција е 26 милиони евра. Проценката на експертите  е  дека најголем дел лабораториите се исплаќаат  доколку добро се менаџираат за од 3 до 5 години. Дел од нив се акредитирани, други се во процес на  акрецитација или во нареднот период ќе бидат акредитирани.

Вероника Мароска Леова