Македонија

Жерновски го стопира проектот Скопје 2014

Го доби уверението,седна во градоначалничката фотеља и веднаш ја донесе првата одлука. Новиот градоначалник на Центар Андреј Жерновски го стопира проектот Скопје 2014.

25.04.2013 18:27:58
  Го доби уверението,седна во градоначалничката фотеља и веднаш ја донесе првата одлука. Новиот градоначалник на Центар Андреј Жерновски го стопира проектот Скопје 2014. Се воведува мораториум на сите градби и исплати поврзани со проектот. Жеровски најави и ревизија на останатите проекти во кои е вклучена општината.

" Сите формално - правни активности за согласностите и финансиите и за се што треба да се реализира ќе биде замрзнато се додека не се увиди фактичката состојба", изјави Жерновски.

Од министерството за култура реагираат дека Жерновски нема право да ги стопира градбите.

“Градоначалникот нема правна основа според која може да пропише било каков мораториум на изградбата на објектите кои се во надлежност на министерството. За сите градби кои преку министерството се реализираат на територија на општина Центар, се постапува во согласност со законските прописи, а објектите се градат во согласност со правосилни одобренија за градба”, се вели во реакцијата од министерството.

Со реакција се јави и владеачката ВМРО-ДПМНЕ. Од партијата велат дека за попречување и одложување на роковите за сите објекти чија изградба е започната, засегнатите субјекти ќе можат да поднесат тужби, а оштетата ќе треба да ја плати Општина Центар.

 “Жалиме што Андреј Жерновски од првиот ден започна со мораториуми и блокади. Тој така и ќе заврши. По утрото и денот се познава. Мандатот го почнува со желба да запре, на тоа што веќе се гради и работи. Андреј Жерновски очигледно сака да биде мал Бранко Црвенковски и уште првиот ден почна да чекори по неговите стапки”, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ

Инаку, наспроти тврдењата на опозицијата дека Скопје 2014 ќе ја чини државата половина милијарда евра, според отчетот на министерството за култура и доскорешниот градоначалник на Центар Владимир Тодоровиќ, за Скопје 2014 се издвоени близу 208 милиони евра. Во вкупната сума со 60,2 милиони евра учествувала Службата за општи и заеднички работи, 63 милиони потрошила општина Центар, а остатокот од 85 милиони евра се од државниот буџет преку Министерството за култура. За споменикот Воин на коњ се издвоени 10,5 милиони евра. Спомениците на Гоце Делчев и Даме Груев чинат 1,5 милиони евра. Порта Македонија 5 192 000 евра, музејот на ВМРО 13 346 000 евра, зградата на филхармонија  7 000 000 евра, новиот театар  37 000 000 евра.

Градимир Марковски


 

taka

Од: nina

Време: 25.05.2013 11:07:41

Коментар: e gore na vodno i krstot a dole grobnica kosmari me fakaat od ovaa gletka

Од: goci

Време: 20.05.2013 12:19:42

Коментар: so ovie spomenici skopje lici kako gobnica na velikani

bravo

Од: mk

Време: 01.05.2013 23:35:01

Коментар: konecno nekoj da zastane na patot na ''skopje 2014''. a sto so drugite gradovi?????

123

Ексклузивно

Завршницата на ЕП во ракомет на Алфа

Викендов на програмата на Алфа ќе можете да ја следите завршницата на Европското првенство во ракомет во женска конкуренција што се одржува во Унгарија и Хрватска.

повеќе