Македонија

Скопје се разбуди со десетици нови споменици и скулптури

Скопје се разбуди со десетици нови скулптури и споменици. Повеќе локации во главниот град, почнувајќи од раните утрински часови, добија обележја, чија реализација беше надлежност на општина Центар.

08.04.2013 19:43:31

Скопје се разбуди со десетици нови скулптури и споменици. Повеќе локации во главниот град, почнувајќи од раните утрински часови, добија обележја, чија реализација беше надлежност на општина Центар.

Така од денеска, на кружниот тек кај Католичката црква ќе стои Васил Чакаларов. Спроти министерството за правда, Христо Узунов. Од двете страни на Портата, седнати на столица, се поставени обележја на Павел Шатев и Христо Татарчев. Од другата страна, во Жена Паркот, сега има споменик и на Кузман Јосифовски Питу. До новата зграда на МНР, качен на коњ, е поставено обележјето за Борис Сарафов.

На други три локации, освен поставувањето споменици и скулптури се извршуваа и поголеми градежни зафати. На мостот „Око“ се монитраа предвидените 28 скулптури. На прострор пред црквата пресвета Богородица, работниците ги поставиле скулптурите на Св.Богородица, Св. Петар и Павле и Св. Никола а сеуште се работи на високите постаменти на кои во мермер е претставен животот на светците. Најобемни беа зафатите на плоштадот Карпошово востание, каде освен поплочување, се монтираа и елементи, статуи и скулптури на предвидените фонтани.

Граѓаните кои поминуваа покрај локациите каде се изведуваа градежните зафати, различно го доживуваа виденото.

Бројот на поставени споменици и скулптури е досега најголем во еден ден, од почетокот на проектот Скопје 2014-та. За подетални инфорамции, и покрај обидите, не се огласија надлежните за односи со јавност во општината Центар.

(за повеќе, погледнете го видео-записот)

Александар Димитриевски

 

???????????????????????????

Од: Македонка

Време: 10.04.2013 21:48:29

Коментар: Историска читанка од скулптури,тоа е понижување на народов,тој се третира како неписмен, кој не знае ништо, нека гледа споменици . Тотален хаос,vневкус,vа поставен е и Авдолеон пајонски крал од 315 г.п.н.е и пајонска свештеничка од Марвинци 7 в. п.н.е.,vпа тоа е Пајонија, постоела на овие простори пред Филип II. До каде оди апетитот??????????