Сцена

Премиера на евровизиската „Империја“

Македонската телевизија вечер во 20:45 часот премиерно ќе ја прикаже песната „Империја“ на Есма Реџепова и Влатко Лозановски, која ќе ја претставува Македонија на „Евровизија 2013“ во Малме.

27.02.2013 08:37:52
Македонската телевизија вечер во 20:45 часот премиерно ќе ја прикаже песната  „Империја“ на Есма Реџепова и Влатко Лозановски, која ќе ја претставува Македонија на „Евровизија 2013“ во Малме.

Автори на музиката и аранжманот на песната се Симеон Атанасов и Дејан Момироски, а текстот го напиша Борче Нечовски.

Во емисија во новоопремено студио на МРТ ќе биде прикажан и официјалниот спот на евровизиската  „Империја“, а Реџепова и Лозановски ќе се претстават и со неколку свои песни, придружувани од народниот оркестар и Биг бендот.

Македонската телевизија најави богата музичка програма со повеќе гости и многу разговори поврзани со „Евровизија“. Ќе гостува и минатогодишната евровизиска претставничка Калиопи Букле, која ќе го пренесе своето искуство од натпреварот во Баку.