Македонија

Реакции на меѓународната заедница

Како и што беше очекувано меѓунаордната заедница тргна еден проблем од агендата и ги пофали играчите во процесот, Заев и Ципрас.

13.06.2018 18:28:11
Како и што беше очекувано меѓунаордната заедница тргна еден проблем од агендата и ги пофали играчите во процесот, Заев и Ципрас. 

Генералниот секретар на Советот на Европа Торбјорн Јагланд го поздрави договорот. Порача дека овој договор доаѓа долго време  а тоа покажува дека зборувањето, слушањето и разбирањето на меѓусебните загрижености ни овозможува да најдеме решенија дури и за најтешките проблеми.

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш ги повикува граѓаните на двете држави да се обединат за да се придвижи процесот“.  Британскиот амбасадор во Република Македонија Чарлс Гарет  посочи дека со договорот ќе се отвори патот Македонија да оди напред во евроатлантските интеграции, кон ЕУ и НАТО.  

Македонија има шанси да се приклучи кон ЕУ, откако вчера Скопје и Атина постигнаа договор за решавање на спорот за името, изјави денеска во Берлин австрискиот канцелар Себастијан Курц. Генералниот секретар на регионалниот совет за соработка Горан Свилановиќ изрази надеж дека ЕУ и НАТО ќе бидат подеднакво решителни како што беа премиерите на Македонија и Грција Зоран Заев и Алексис Ципрас.  

А шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров изрази надеж дека договорот за новото име на Македонија ќе биде во интерес на Атина и на Скопје и дека ќе го подржат граѓаните и на двете држави.