Македонија

Таки Фити воздржан за промената на името

Со пристапно предавање ``Економистите нобеловци``, претседателот на МАНУ академик Таки Фити денеска беше примен за редовен член на Македонското научно друштво во Битола кое што постои скоро шест децении.

13.06.2018 18:29:39
Со пристапно предавање  ``Економистите нобеловци``, претседателот на МАНУ академик Таки Фити денеска беше примен за редовен член на Македонското научно друштво во Битола кое што постои скоро шест децении. Во него членуваат дванаесет академици и претставува креативно интелектуално и културно јадро на Битола.

- Зачленувањето на академик Таки Фити во нашето Друштво, значи отворање на нови врати, нови предизвици на просторот кој што го освојуваме, би рекол, иако тоа датира уште од 1960 година- рече д-р Марјан Танушевски, претседател на Македонското научно друштво од Битола.- јас сугерирарм многу брзо да се склучи договор со меморандум со нашиот Центар за стратегиско истражување што го води академик Камбовски, кој што многу крупни прашања од областа на науката покрива, за да може и самото Друштво тука да се вклучи- рече академик Таки Фити.

Поради денешната церемонија, првиот човек на МАНУ не сакаше да изнесе став за најактуелните случувања во Државата, поврзани со промената на уставното име во Република Северна Македонија. 

- Нема потреба, што има сега, јас овде  доаѓам за една работа, а вие за името- рече одмавнувајќи Фити.
Академик Фити се правдаше дека МАНУ својот став го изнесе пред два месеца, меѓутоа од тогаш до денес ,многу вода истече и сега сме во фаза кога институциите без калкулирање треба јавно и јасно да се произнесат по ова најсензибилно прашање.





Петар Стефановски