Култура

Промоција на „Урбанон“ на Марио Савовски

Во Младинскиот културен центар вечер од 19.30 часот ќе биде промовирана книгата „Урбанон“ на Марио Савовски, која е комбинација од повеќе интерактивни медиуми во раскажувањето на приказната.

21.03.2018 10:53:47

Во Младинскиот културен центар вечер од 19.30 часот ќе биде промовирана книгата „Урбанон“ на Марио Савовски, која е комбинација од повеќе интерактивни медиуми во раскажувањето на приказната.

Според авторот, книгата не вовлекува во светот на урбаните легенди и ни ги прикажува приказните во форма на извештаи направени од страна на тајна организација која проучува паранормални настани.

- Последнава недела едно прашање ги обзема сите: „Што е 0101001101001011?“, што е со мистериозниот вебсајт кој покажува видео на човек како лебди над МРТВ и тајмер кој одбројува „Време до откривање“. Одговорите на овие прашања, на мистеријата зад сајтот, видеото и каква е таа организација по име ОТРАЛКОН лежат во книгата, наведува  Савовски.