Македонија

ЕУ донираше мерна станица за загаденоста на воздухот во скопски Бутел

Мобилна станица за мерење на квалитет на воздухот на територијата на општина Бутел веќе е пуштена во употреба. Стационирана е во дворот на О.У „Живко Брајковски“, а преку неа граѓаните во секој час ќе знаат колкаво е загадувањето во општина.

13.03.2018 17:14:05
 Мобилна  станица за мерење на  квалитет на воздухот на територијата на општина Бутел веќе е пуштена во  употреба. Стационирана е во дворот на О.У „Живко Брајковски“, а преку  неа граѓаните во секој час ќе знаат колкаво е загадувањето во општина. Евроамбасадорот  во земјава Жбогар рече дека загадувањето останува како еден од поголемите проблеми, додека повеќето граѓани не се свесни дека загадувањето е присутно. Освен институциите подвлече и граѓаните треба да придонесат за решение. Мерната станица која  е поставена е токму финансиран проект на Европската Унија.

-За решавање на овој проблем се потребни активности  од бројни институции, како што е Собранието, како што е владата и другите државни институции, меѓутоа првенствено ова е проблем со кој  што треба да се соочат за решавање сите граѓани  на земјата, рече  Самуел Жбогар, амбасадор на Европска Унија во Македонија. 
 Наредниот период Општина Бутел  на својата веб страница, како што рече градоначалникот  ќе ги ажурира сите податоци што ќе ги добива од мерната станица.  

-Општината Бутел преку  веб страница редовно ќе ги ажурира  сите податоци кои ќе ги добиваме  од мерната станица  и со тоа во наредниот период  ќе преземаме обврски околу чистиот воздух во Општина Бутел изјави Велимир Смилевски, градоначалник на Општина Бутел.

Според министерот за животна средина  мобилна мерна станица, ќе овозможи да се оформи база на историски податоци, да се спроведат мерки онаму каде што ќе биде регистрирано дека квалитетот на амбиенталниот воздух е под вредностите. На прашањето колку  загадувачи се казнети од инспекторите за животна средина на одговор на упати во инспекторатот.

Прашање: До колку загадувачи, инспекторатот за животна средина има поднесено глоби?
-Одговор на ова прашање, секако може да се најде во државниот инспекторат за животна средина, по што тие имаат ингеренции по односна сите укажани глоби, изјави Садула Дураки, министер за животна средина и просторно планирање. 
Инаку изминатиов период граѓаните се гушеа  речиси секојдневно од аерозагадувањето, кое наместа беше  за 10 пати повеќе од граничната вредност. Тоа негативно влијае  здравјето, на граѓаните кои често се жалат на болки во грлото, кашлица. Зголемен е и бројот на деца со бронхопневмонии.  Аерозагадувањето според лекарите е еден од главните фактори кои придонесуваат за зголемена појава на хронична  опструктивна белодробна болест , меѓутоа и една од причините за појава на подмолната болест, ракот. Според најавите од министерството до крајот на неделата треба да проработи филтерот во депонијата Дрисла. 

Вероника Мароска Леова