Црна хроника

Кумановка убиена во Сирија во борба со терористите на ИД

Џихадистите во Сирија се поделени на неколку енклави, две кои се наоѓаат источно од Деир Ез-зор, се борат со сириската армија, една енклава е источно од Ал Сукана, која е во битка со Курдите.

14.02.2018 15:38:24
Ќерка на познат бизнисмен од Куманово е последната жртва, која е убиена во Сирија борејќи се на страна на џихадистите на Исламска држава, ова вест ја пренесе порталот на албански јазик „Реалитети“. Девојката загинала во последниот жесток судир на џихадистите, но нема податоци во која битка учествувала. Џихадистите во Сирија се поделени на неколку енклави, две кои се наоѓаат источно од Деир Ез-зор, се борат со сириската армија, една енклава е источно од Ал Сукана, која е во битка со Курдите. Не се исклучува можноста кумановката да била убиена и од руски воздушен напад. 

Официјални информации,  до македонските власти, за смртта на девојката, речиси е невозможно да стигнат, засега се  сведува на шпекулации кои се пласираат во медиумите, врз база на наводни извори блиски до семејството на девојката. Тие информации посочуваат дека таа заминала во Исламска држава пред 4 години, инаку била примерна и добра ученичка. 

Досега во Сирија загинаа околу 20 сетина македонски државјани, борејќи се на страна на терористите. Во декември лани, стигна информација и за скопјанецот, Адем Камбери, инаку некогашен македонски репрезентативец во борење, кој бил убиен во Сирија, додека се борел на страна на џихадистите.






Катерина Гетева