Свет

Ден на жалост во Русија по тешката авионска несреќа

Ден на жалост во Русија по авионската несреќа, во која загина 71 лице. Меѓу жртвите се 3 деца на возраст меѓу 5 и 12 години, како и на 17-годишна возраст.

12.02.2018 12:41:55
Ден на жалост во Русија по авионската несреќа, во која загина 71 лице. Меѓу жртвите се 3 деца на возраст меѓу 5 и 12 години, како и на 17-годишна возраст.

Роднините на загинатите ќе добијат дополнителен надомест од 1 милион рубљи, настрана осигурувањето, соопштија вчера властите.

Спасувачката операција на местото на трагедијата е завршена, соопшти Министерството за вонредни состојби. Барањето за местото на несреќата може да трае една недела, бидејќи остатоците од авионот се расфрлани низ голема површина, има многу снег и релјефот на теренот е тежок.

Причините за несреќата остануваат непознати.