Македонија

Граѓаните од источниот регион приморани да одат во Скопје или Струмица за комопјутерска томографија

За прегледи на Компјутерска томографија пациентите од Истокот се приморани наместо во Штип, истите да ги прават во Струмица или Скопје.

13.01.2018 17:41:19

За прегледи на Компјутерска томографија пациентите од Истокот се приморани наместо во Штип, истите да ги прават во Струмица или Скопје. Единствениот ваков апарат во регионот повторно е надвор од функција. На списокот на расипани апарати се наоѓа и апаратот за факомотода за лекување на очните болести.

Укинувањето на Советот за јавни набавки, според Ѓеорѓијев ќе го реши хаосот со расипаните апарати. Досега процедурата за сервисирање на апаратите наложуваше распишување на тендери, откако апаратот ќе се расипе, што беше причина голем дел од нив и по неколку месеци да не работат.

Директорот на штипската болница потенцира дека итните случаи не ги оставаат сами да ги решават своите здравствени проблеми. Сите итни пациенти кои што ќе дојдат ги транспортираат до оние здравствени институции каде ќе им биде дадена соодветната медицинска нега.


Александра Ристевска